Ковачевски во експозето за новата влада: Не знам, не сакам и нема да ги делам луѓето, граѓаните и министрите на наши или ваши

Димитар-Ковачевски
Димитар-Ковачевски / Фото: МИА

Не знам , не сакам и нема да ги делам луѓето, граѓаните и министрите на наши или ваши. Граѓаните се уморни од поделби и препукувања и постојани надмудрууивања. Планирам единствено да ги разликувам луѓето на способни и неспособни, чесни и нечесни, одговорни и неодговорни. За првите секогаш ќе има место во владата, за вторите не. Поделбите во општеството не се добри но за тоа не се виновни граѓаните, туку политичарите, затоа промените треба да се креираат во политиката. Граѓаните се обединети во решавањето на проблемите и предизвиците. Ние ќе водиме политики на отвореност и стручност, многу ќе слушаме, ќе бараме критика и сугестии за да донесеме најдобри одлуки – рече рече мандатарот Димитар Ковачевски во експозето за избор на новата влада на собраниската седница.

Тој порача дека нуди отворена соработка со сите, со опозиција, со академската , со бизнис заедницата , со синдикатите.

Ковачевски во експозето рече дека граѓаните се уморни од избори и ги отфрлаат празните говори.

-Дали се согласуваме да ставиме крај на ваквите ситуации, одговороот е да, дали пак, решението е во нови избори, одговорот е не. Како ново мнозинство ја прифативме пораката од граѓаните дека мора подобро и поефикасно да ги испорачаме резултатите. Имаме ретка можност од 2,5 години во период без избори да се посветиме на зголемување на пензиите, резултати во борба против корупцијата, креирање на подобар здравствен систем, младите да не заминуваат надвор. Оваа влада да ги започне преговорите со ЕУ. Програмата на владата е реална, остварлива и конкретна има и нови политики и мерки. Понудив најсоодветни кадри, нема да кажам нови и стари, кои се оптимален спој на искуство и младост, луѓе кои ќе испорачаат резултати но ќе бидат и одговорни и отчетни – рече мандатарот.

Тој порача дека новата влада има јасен и осварлив план за соочување со економската и енергетската криза и надминување на негативните последици.

-Главен предизвик во економијата останува соочувањето со ефектите од пандемијата и енергетската криза. Уште на почетокот на мандатот, Владата ќе направи интервентен план за поддршка на населението и стопанството за справување со последниците од енергетската криза. Ова ќе биде направено со цел ублажување на негативните ефекти врз цените и заштита на граѓаните од ценовни шокови – порача Ковачевски.

 

Видео на денот