Ковачевски: Прогнозите на Мицкоски се секогаш погрешни

Димитар Ковачевски/ Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Прогнозите кои ги дава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш погрешни. Ќе ви кажам неколку примери. На пример, од почетокот на енергетската криза, најголема по Втората светска војна, неговата партија предвидуваше 40 отсто зголемување на електрична енергија. Тоа не се случи. Потоа предвидуваа дека нема да има електрична енергија. Тоа не се случи. Па предвидуваа дека нема да има парно греење во Скопје. Не се случи, парно греење имаше. Предвидуваа дека нема да отпочнеме преговори со ЕУ, по 17 години чекање отпочнавме преговори со ЕУ, изјави лиддерот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител.
Тој истакна дека, пресметано во бројки, ВМРО-ДПМНЕ велело за минимална плата да биде 8.000 денари, а минимална плата денес е 22.500 денари. СДСМ дала ветување просечна плата од 500 евра, а денес просечната плата во државата е 40.000 денари, што е 650 евра.

– Во време на Владата, кога советник во Владата беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски минималната плата беше 8.000 денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Сега се потребни две минимални плати за една потрошувачка кошничка. И ако сакате во бурек да пресметате, во тоа време со една минимална плата можело да се купат 170 четвртини бурек, денес можат да се купат 270 четвртини бурек, и тоа добар бурек – посочи Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот