Ковачевски ќе има помалку советници од претходните премиери

Димитар Ковачевски/ Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе го намали бројот на негови советници и дека ќе има најмалку од сите претходни премиери.

Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Владата рече дека со реорганизација на неговиот Кабинет, дел од советниците повеќе нема да ја имаат таа задача, а дел од нив ќе работат на линиски работи во организациски единици за кои се специјализирани според нивните квалификации.

Посочи дека веќе се планирани тие што ќе бидат советници, не може да ги објави нивните имиња зашто тоа се уште не е официјално, но тие се, како што рече, висококвалификувани и признати професионалци во своите области.

-Бројот на советници којшто јас планирам да го имам е помал од бројот на советници што ги имале досегашните премиери. Тие советници ќе извршуваат работи во нивната професионална област, сите имаат дваесет и повеќе години професионално искуство, академско и професионално, рече Ковачевски за медиумите при посетата на „ОХИС”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот