Ковачевски: Ќе ги реконструираме сите споменици посветени на НОБ, иако за тоа се надлежни општините

Ковачевски во Собранието на РСМ/Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието изјави дека Владата за годинава планира реконструкција на сите споменици и спомен-обележја поврзани со Народнооослободителната борба, за што, како што рече, се обезбедени пари од Буџетот на државата, иако според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен-обележјата се надлежни општините, односно Градот Скопје.

-Со буџетот за оваа година, сите споменици и спомен-обележја од НОБ на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани што се случиле и се сведоштво за непокор и борбата за слобода, ќе бидат реконструирани. Министерството за култура е задолжено да склучи договори, меморандуми за соработка со општините за санација на спомен-обележјата и да достави информација до Владата во која ќе бидат утврдени потребните мерки и средства за оваа цел. Целта е, повторувам уште еднаш, сите споменици од НОБ да бидат реконструирани“, рече премиерот, одговорајќи на прашање од пратеничката Лидија Тасевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот