Костовски: Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел

Фото: Фејсбук

Од Општина Бутел информираат дека градоначалникот Дарко Костовски поседува информации дека лице што порано било вработено во МВР, со лажни документи и фалсификувани потписи успеал да измами неколку лица, со гаранција дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на територија на Општина Бутел, објави МИА.

Како што информираат, некои од измамените граѓани веќе имаат поднесено пријава со соодветни докази до ОЈО за да се оформи предмет, по што пријавата е одбиена од ОЈО.

– Градоначалникот Дарко Костовски јавно упатува барање до Основното јавно обвинителство Скопје, по допрен глас да отвори истрага за овие сериозни и основани сомненија за криминал. Доколку се утврди прекршување на законите и извршени криминални активности, сторителот да биде соодветно казнет, се наведува во соопштението.

Градоначалникот упатува апел до сите граѓани, веднаш да пријават до надлежните институции, доколку се жртви на измама од ова лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот