Костовски: Латас е синоним за мрачно време, добро е што обвинителството реагираше

Фото: Скриншот/Јутјуб

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, вечерва во гостувањето на Канал 5 кажа дека државните органи постапиле онака како што јавноста очекувала во случајот со контроверзното интервју на Јутјуб со Драган Павловиќ Латас.

-Беше очекувано и жестоко да се реагира од јавноста и медиумите. За ваквите проблеми треба систематски да се размислува и во насока на промена на законската регулатива. Во Франција на пример Тикток и Инстаграм се забранети за деца под 15 години, можеби треба да се размислува во оваа насока. Во овој случај Латас изнуди реакција од МВР и Обвинителство и требаше да се покрене нешто. Инаку, Латас е синоним за мрачно време, кога беше главен презентер на лажни вести и труење на нацијата. Добро е што ОЈО реагираше, рече Костовски.

Тој додаде дека на секој сличен напад треба да има реакција и институциите ревносно да постапуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот