Костески: Верувам во две победи против унгарската Татабања!

Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Денеска од 17.00 часот во салата „Боро Чурлевски“ Еурофарм Пелистер ќе го има новиот натпревар во Лига Европа, противник е Татабања од Унгарија.

Двата клуба се договорија нивните меѓусебни мечеви да ги одиграат во Битола, така што вториот ќе се игра веќе во текот на утрешниот ден во истиот термин.

Пред новите мечеви на меѓународната сцена, очекувањата ги сподели македонското репрезентативно десно крило Ненад Костески кој е член на битолската екипа:

– По поразот во Загреб мора да издвоиме некои грешки во второто полувреме. Жал ми е, игравме прекрасно прво полувреме, но натпреварот се игра 60 минути. Татабања е одличен противник, во никој случај не смееме да ги потцениме Унгарците. Се подготвуваме, добро ги анализираме и ова за нас се многу битни натпревари и како се подготвуваме верувам дека ќе извојуваме две победи кои многу ќе ни значат. Не смееме да ја потцениме Татабања, иако имаат четири порази. Имаат квалитетна екипа и одлични бекови, кои ако влезат во серија ќе ни направат многу проблеми – вели Костески.

Пред три сезони Еурофарм Работник и Татабања се сретнаа во две средби од групната фаза на ЕХФ Купот и двапати беа подобри унгарските ракометари.

Лига Европа, група „Д“

Денеска (17.00 часот)
Еурофарм Пелистер-Татабања

Табела:

1.Рајн Некар 11 бодови (од шест натпревари)
2.ГОГ 8 бодови (од шест натпревари)
3.Тримо Требње 4 бодови (од четири натпревари)
4.Кадетен 4 бодови (од пет натпревари)
5.Еурофарм Пелистер 3 бодови (од пет натпревари)
6.Татабања 0 бодови (од четири натпревари)

Бабиќ пред Татабања: Полесно е да играме дома, отколку да патуваме!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот