Костески: Ќе се ротира и ќе биде тешка сезона, со многу натпревари

Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Екипата на Е. Пелистер се подготвува за натпреварите во новата сезона со амбиции да одигра уште подобро во однос на минатата година.

Првиот тим веќе одигра и контролен меч против вториот тим триумфирајќи со резултат 30:22 во спортската сала во Маврово.

– Има разлика од претходните сезони, бидејќи сезонава почнува порано со официјалните натпревари. Започнуваме против Вардар во Суперкупот на Македонија и немаме многу време за да се спремиме, па го забрзуваме процесот. Подготовките траат и сè е во ред со сите ракометари.

Сезонава составот не претрпе големи промени, 70% останавме старите играчи. Имаме новајлии, се вклопуваат во системот и мислам дека со официјалните подготовки добро ќе ја започнеме новата сезона.

Ќе се зголеми бројот на натпревари сезонава. Ќе има доста натпревари за секого. Ќе се ротира и ќе биде тешка сезона, со многу натпревари. Верувам дека работите ќе течат како што треба – вели играчот на Е. Пелистер и воедно македонски репрезентативец, десното крило Ненад Костески.

Официјалниот ростер на РК Е. Пелистер за новата сезона во сите натпреварувања:

Голмани: Марко Кизиќ, Мартон Секељи, Филип Ивановски.
Леви крила: Гоце Ојлески, Бојан Маџовски
Десни крила: Ненад Костески, Јосип Божиќ Павлетиќ
Леви бекови: Стипе Мандалиниќ, Немања Обрадовиќ, Дејан Кукуловски, Милорад Кукоски
Средни бекови: Јосип Периќ, Реиние Табоада, Марио Танкоски
Десни бекови: Матео Мараш, Мартин Велковски, Мирко Радовиќ
Пивоти: Никола Маркоски, Томислав Кушан, Елмир Граџан

ЕХФ потврди: Е. Пелистер директно во групната фаза во Лигата на Европа, Пролет во квалификациите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот