Костарика прогласи вонредна состојба поради мигрантската криза која ја погоди земјата

Мигранти во Костарика / Фото EPA-EFE/BIENVENIDO VELASCO

Поради наглото зголемување на имигрантските текови во Костарика, претседателот Родриго Чавез и нареди на владата да прогласи вонредна состојба, пренесува Си-Ен-Ен.

„Му наложив на Министерството за внатрешни работи да заземе строг став против секој што ја смета добронамерноста на Костарика како слабост“, рече Чавез на прес-конференција, мислејќи на неодамнешниот бран мигранти во малата централноамериканска земја.

Од почетокот на септември во земјата од Панама влегле повеќе од 60.000 мигранти.

Претседателот Чавез следниот месец треба да отпатува за Панама и се очекува имиграцијата да доминира на агендата на нивните средби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот