Кошаркарскиот натпревар Макаби – Валенсија нема да се игра во Тел Авив

фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Поради прогласената воена состојба во Израел, сите спортски настани на територијата на оваа земја се одложени до дополнително известување.

Клубовите им дадоа можност на странците да ја напуштат земјата, а на големо се шпекулира што ќе биде со натпреварите на екипите кои играат во европските натпреварувања.

Пред сè се однесува на кошаркарските напреварувања Евролигата и Еврокупот кои штотуку започнаа, а веќе во второто коло поради ситуацијата во Израел мораше да се одложи евролигашкиот натпревар помеѓу Олимпија Милано и Макаби Тел Авив. Нов датум ќе биде одреден подоцна.

На ист начин веќе се водеше полемика дали Валенсија следната недела ќе мора да оди во Тел Авив, а одговорот на тоа прашање брзо стигна – нема. Бидејќи двата клуба се договориле да се сменат домаќините, па шпанскиот клуб ќе биде домаќин во „Фонтета“ на 18 октомври.

Натпреварот ќе се игра од 20.30 часот, а во вториот дел од сезоната Макаби ќе го пречека шпанскиот тим во Тел Авив доколку се смири ситуацијата или ќе се игра на друго место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот