Коронавирус пред ол-стар натпреварот, двајца кошаркари го откажаа настапот

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Ѕвездите на Филаделфија сиксерс, Џоел Ембид и Бен Симонс нема да настапат на ол-стар натпреварот кој вечерва ќе се игра во Атланта поради контакт со личност која е позитивна на коронавирус.

Според информациите на новинарот на „Атлетик“, Шемс Чаранија, Ембид и Симонс биле во контакт со личност која е позитивна на коронавирус и поради тоа се приморани да одат во карантин и нема да бидат дел од  вечерашниот натпревар во Атланта.

Ембид требаше да биде стартер во екипата која ја бираше Кевин Дурент, додека Симонс беше избран како резерва од страна на Леброн Џејмс.
„Пред патот за Атланта, играчите на Филаделдија, Ембид и Симонс биле во контакт со личност за која денеска е потврдено дека е позитивна на коронавирус. Поради тоа, тие двајца нема да настапат на Ол-стар натпреварот. Останатите учесници од Филаделдија не се загрозени бидејќи немале контакти со заразеното лице“, објави НБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот