Короната си го направи своето, пад на приходите на фудбалскиот пазар по десет години

Секој фудбалер кој ќе дојде од држава која е во црвената зона мора да помине 10 дена во карантин/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Европскиот фудбалски пазар забележи вкупен пад на приходите во износ од 3.7 милијарди евра, односно за 13 проценти за сезоната 2019/30 што е прв пат на приходите по глобалната финансиска криза од 2008/09, објави денеска компанијата „Дилојт“.

Во годишниот извештај за финансиите во фудбалот, „Дилојт“ открива дека приходите во најсилните пет лиги (Англија, Германија, Италија, Шпанија и Франција) изнесуваат 15.1 милијарди евра, односно 11 проценти помалку од претходната година.

Приходите на екипите од Премиер лигата се намалени за 13 проценти, од рекордните 5.8 милијарди евра во сезоната 2018/19 на 5.1 милијарди во сезоната 2019/20.
„Дилојт“ исто така објаснува дека ова е прв пад на вкупните приходи во историјата на Премиер лигата и најнизок приход остварен од сезоната 2015/16.

Со приходи од 3.2 милијарди евра, германската Бундеслига има најмал пад на приходите од само четири проценти, додека шпанската Ла Лига со приходи од 3.1 милијарди евра е веднаш зад нив.
Серија А оствари приходи од 2.1 милијарди евра што е пад за 18 проценти додека француската Лига 1 која ја откажа сезоната поради мерките во борбата против пандемијата на коронавирусот оствари приходи од 1.6 милијарди евра, односно има пад на приходите од 16 проценти.

– Потребно е да се напомене дека иако сега веќе се поминати 16 месеци од почетокот на пандемијата во Европа, анализата во овој извештај е направена за финансиската година 2019/20. Привремениот прекин на лигите донесе разлика во поглед на завршувањето на сеозната и стандардните периоди на финансиски извештаи во Англија, Шпанија и Италија – изјави Ден Џонс, од секторот за анализа на спортски настани во „Дилојт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот