Корона во Формула 1, Серхио Перез нема да вози во Силверстон

epa07949964 Mexican driver Sergio Perez of the Racing Point F1 Team takes part in the second free practice of the 2019 Mexican Formula One Grand Prix, in Mexico City, Mexico, 25 October 2019. The Mexican Formula One Grand Prix will take place on 27 October. EPA-EFE/DAVID GUZMAN

Возачот на Рејсинг Поинт е позитивен на коронавирус и нема да учествува на претстојната трка за Големата награда на Велика Британија.

Првиот тест кој го направи Перез по доаѓањето во Англија не даде чисти резултати поради што возачот мораше да оди на ново тестирање. Вториот тест покажа дека тој е позитивен на ковид-19, а инфомарцијата ја потвди и Светската автомобилистичка федерација (ФИА), што значи дека Перез ќе ја пропушти неделната трка во Силверстон.

ФИА објави дека возачот на Перез се наоѓа во самоизолација и ќе ги почитува пропишаните процедури, а овој случај нема да влијае на одржување на трката за Големата награда на Велика Британија.

Постои можност Перез да ја пропушти и втората трка на Силверстон која треба да се вози на 9. август, а потоа и трката во Каталуња на 16. август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот