Корона кризата ги намали емисиите на СО2 во Индија прв пат по четири децении

Производството на електрична енергија од јаглен опадна за 15 проценти во март и 31 процент во првите три недели од април.

Намалената побарувачка на електрична енергија поради карантинот но и конкуренцијата од обновливи извори на енергија ја намалија потрошувачката на фосилни горива во Индија што пак директно се рефлектираше во намалување на емисиите од СО2 за прв пат по 40 години во земјата.

Емисиите на СО2 опаднаа уште во март за околу 15 проценти и можно е во април да биде забележан пад од дури 30 отсто.

Според студијата која ја објави веб – страницата „Carbon brief“, емисиите се намалиле за околу еден процент во фискалната година што заврши во март 2020 година, по падот на потрошувачката на јаглен, додека кривата на потрошувачката на нафта се спушти.

Производството на електрична енергија од јаглен опадна за 15 проценти во март и 31 процент во првите три недели од април.

Потрошувачката на нафта опадна за 18 проценти во годината до март 2020 година, додека во исто време се зголеми производството на енергија од обновливи извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот