Контроверзниот Усеини оставката во охридскиот општински Совет ја поднел зашто бил премногу зафатен

Фото: ДУИ

Контроверзниот советник и охридски бизнисмен, првиот човек на огранокот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, поднел оставка до Советот на Општина Охрид. Тој за „ТВ 24“ вели дека причините за одлуката се лични, а главна причина е неговата презафатеност.

– Се повлекувам од Советот поради премногу приватни обврски поради кои не можам и немам време да присуствувам и активно да учествувам на седниците. Ја поднесов оставката до советот и таа е прифатена” вели Усеини.

Советниците денеска ја прифатија оставката, на следната седница ќе биде назначен нов советник од ДУИ, а во меѓувреме ќе се состане комисијата за верификација, за да се запази целата постапка во вакви случаи.

Усеини и лани поднесе оставка на советничката функција – тој и лани се повлече, но потоа се пишмани и ја задржа позицијата. Сега вели дека одлуката е конечна.

Усеини, од политичките противници и „жртвите“ нарекуван „локален шериф“, беше вмешан во низа скандали, тепачки и претепувања и судски случаи во минатите години. Тој бесправно изгради дивоградба во центарот на Охрид, кај Стариот чинар која и натаму стои и работи, натепа друг општински советник и професор, а изгради и бетонска база на самиот брег на Охридското Езеро, во заштитена зона. За ниту еден од овие случаи нема институционална разрешница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот