Контроверзната изјава на Лавров го принуди Путин да му се извини на Израел

Колаж на СП/ Фото ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин му се извини на израелскиот премиер Нафтали Бенет за неодамнешната скандалозна изјава на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесува Ројтерс.

Рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер има еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи”.

Следуваше бесна реакција на Израел. Шефот на израелската дипломатија изјавата на Лавров ја нарече „непростлива и скандалозна”, а на разговор беше поканет и рускиот амбасадор во Израел. Израел притоа побара извинување од Русија.

Според израелскиот новинар Барак Равид, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на израелскиот премиер, Владимир Путин денеска му се извини на израелскиот премиер Нафтали Бенет за изјавите на Сергеј Лавров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот