Конте прави „дрим-тим“, нов голем трансфер во Интер!? (ФОТО)

twitter.com/Sportbuzzer

Ова лето Интер ангажираше две големи имиња, Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед, а од истиот клуб и Алексис Санчез, но на позајмица.

После првите две кола сезонава во италијанската фудбалска Серија А, тимот од „Џузепе Меаца“ е на делба на првото место на табелата по шест максимални бодови заедно со Јувентус и Торино.

Тренерот Антонио Конте освен што секогаш има врвни амбиции, веќе размислува за наредните потези, па се шпекулира дека можно е да биде доведен Марио Геце од Борусија Дортмунд. Информацијата доаѓа откако пред крајот на летниот преоден рок „Газета дело Спорт“ информираше дека Интер воспостави контакти со бундеслигашот, но не беше реализиран трансфер.

Играчот за врска во нападот (27) има договор со „милионерите“ до 30 јуни 2020 година и досега нема никакви најави за продолжување на истиот. Сезонава одигра само 23 минути во дресот на Дортмунд каде што минатите години се очекуваше повеќе од него. Но, воедно тој имаше и многу проблеми со метаболизмот поради што често страдаа неговите мускули.

Во 2016 година дојде од Баерн во Дортмунд за 22 милиони евра, а минатата сезона одигра 24 натпревари за Борусија и постигна седум голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот