Коњ избегал од заштитната бариера среде лет, па пилотот морал да се врати на пистата

Авион илустрација/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Авион кој летал од Њујорк до Лиеж, Белгија морал да се врати на аеродромот ЏФК на 9 ноември бидејќи коњ избегал од товарниот простор. Надлежните подоцна го фатиле животното кое се здобило со неколку повреди откако скокнало од кафезот.

Исландскиот авион на „Ер Атланта“ се искачил на височина од околу 9.400 метри кога екипажот ја контактирал контролата на летање во Бостон и ја пријавил ситуацијата со коњот, пишува Си-Ен-Ен.

Во авионот до Лиеж се превезувале 15 коњи. Недолго по полетувањето имало силни турбуленции. Коњот се исплашил и се обидел да ја прескокне предната бариера. Тој се заглавил со предните нозе на едната страна од кафезот и со задните на другата страна.

„Коњот скокна и успеа да помине со предните нозе преку предната бариера, а потоа се заглави. Ова е втора таква ситуација во сите години што се занимавам со оваа работа. Ние превезуваме илјадници коњи годишно. Коњот беше само исплашен“, рече Џон Кутичели, менаџер за извоз на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди.

Пилотот побарал авионот да го пречека ветеринар на аеродромот бидејќи на коњот му требало помош. „Подготвивме ветеринарна нега, медицинска опрема, појас за коњи, брза помош, се што е потребно. Кога слетавме, утврдивме дека повредите се премногу тешки и моравме да го заспиеме коњот“, изјави Кутичели.

По овој инцидент, авионот повторно полетал околу три часа подоцна. Тој слетал во Лиеж на 10 ноември во 6:49 часот по локално време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот