Конечно нова песна на „Ролинг стоунс“: Името и спотот идеално ја отсликуваат ситуацијата во која се наоѓа целиот свет (ВИДЕО)

принтскрин

Британската група „Ролинг стоунс“ по осум години пауза го објави нивниот нов сингл „Living In A Ghost Town“.

Нумерата што ја пишувале Мик Џегер и Кит Ричардс настанала во Лос Анџелес и во Лондон, а финализирана е токму во текот на изолацијата на членовите на бендот.

Нејзиниот назив, но и спотот идеално ја отсликуваат ситуацијата во која се наоѓа целиот свет.

„Па, Стоунси беа во студиото и работеа на новиот материјал пред сето ова и постоеше таа една песна за која мислевме дека добро би го отсликала времето во кое живееме во моментов. Продолживме да работиме на неа во изолација. И еве ја „Living In A Ghost Town“ – се надевам дека ќе ви се допадне“, порачува Мик Џегер.

„Песната е напишана за 10 минути во февруари 2019 година. Не е напишана за сегашната состојба, туку за тоа како е да се биде на место полно живот, а потоа сѐ се претвора во ова, каде сѐ е лишено од живот“, изјави Џегер за „Епл мјузик“.

Слушнете ја „Living In A Ghost Town“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот