Концерт во чест на Јонче Христовски во Битола

Фото: Слободен печат

Камерниот оркестар на Битола IWConnect  синоќа направи вистински музички спектакл, кој битолската публика долго ќе го памети.

Првиот од двата концерти посветени на македонскиот музички доајен Јонче Христовски се одржа во  Центарот за култура во Битола.

Концертот на Камерниот оркестар на Битола, се одржа под диригенство на Владимир Димовски.

Големата сала  беше исполнета со обожаватели на ликот и делото на Јонче Христовски, кои што уживаа во изведбите на “Македонско девојче”, “Ако умрам ил загинам”, “Ај засвирете ми чалгии”  “Битолчани мераклии”…

На концертот настапија Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски (Суперхикс) и Агни Авшар.

Фото: Слободен печат

Јонче Христовски  беше композитор, текстописец и интерпретатор  со неверојатна харизма.

Концертот  пренесе силна порака дека музиката има моќ да ги обедини сите, да ја поддржи и промовира македонската култура.

Вториот концерт “Јонче Христовски Симфонија”  ќе се одржи вечерва  во Скопје, во Националната опера и балет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот