Фото: Промо

Концерт на групата „Галија“ на 9 август на Антички театар во Охрид

Една од највлијателните рок-групи на овие простори, „Галија“, на 9 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид.

Настанот, кој е во организација на „Прагма продукција“, претставува дел од летната концертна сезона што го привлекува вниманието на публиката од цела Македонија, па и пошироко. Тешко е да се опише она што „Галија“ претставува, затоа што не е само бенд, туку институција. Музички феномен што со децении опстојува без да прави компромис со сопствениот звук и стил. Малку се составите на овие простори кои можат да се пофалат со богата дискографија и, можеби најважно, настап во живо кој звучи моќно, прецизно и автентично, како најдобрите светски рок-групи.

Во Охрид, бендот ќе настапи со препознатливата енергија и репертоар кој вклучува безвременски композиции како: „Још увек сањам“, „Дигни руку“, „Дали си спавала“, „Трубе“… како и музиката од култниот филм Зона Замфирова, песни што одамна прераснаа во химни на една генерација. Античкиот театар во Охрид, со својата импресивна историја е идеална сцена за концерт од ваков калибар. Простор каде што секоја нота се слуша посилно, а секој стих добива посебна тежина.

Музика како таа на „Галија“ природно припаѓа во вакви простори, на место каде што публиката не е само присутна, туку целосно вклучена. Ова нема да биде само уште еден концерт. Ова ќе биде ноќ што ќе ја паметите, со бенд што и по 45 години знае зошто публиката сè уште стои пред нив.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот