Компании од ЕУ и од Балканот заедно ќе купуваат гас

Компресор на гас
Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Европските компании од вторник можат да го регистрираат своето барање за гас за да учествуваат во првото заедничко купување гас на ниво на Европската унија, објави во вторник Европската комисија, пренесува Хина повикувајќи се на ДПА.

Минатата година земјите-членки на ЕУ одлучија заедно да купуваат гас во обид да обезбедат постабилни цени за компаниите и да ги наполнат складиштата за гас, потсетува ДПА.

Цените на гасот на големо достигнаа рекордни нивоа минатото лето откако Русија нагло го намали извозот на гас во ЕУ, а компаниите и владите се тркаа да најдат алтернативни добавувачи. „Енергетската криза нè научи дека ЕУ функционира подобро кога дејствува обединето и солидарно“, рече во изјавата потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчовиќ.

„Здружувањето на побарувачката ќе ја искористи економската тежина (на ЕУ) и ќе ни помогне да обезбедиме доволно гас во складиштето за безбедно да не гледаме во текот на следната зима“, додаде тој.

Компаниите од 27 земји-членки на ЕУ, како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина можат да ги регистрираат своите потреби за гас на онлајн платформата до 2 мај. Глобалните добавувачи потоа можат да ги поднесат своите понуди од 9 мај. Предвидено е тендерите за евидентирање на потребите од гас да се спроведуваат на секои два месеци во наредните 12 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот