Комедија на мечот Хетафе – Ајакс! (ВИДЕО)

фото: твитер

Бројни прекини на дуелот во мадридското предградие донесоа и еден неверојатен податок, топката беше во игра само 42 минути и 36 секунди..

Во четвртокот се играа првите натпревари од 1/16 финалето во Лига Европа, а помеѓу нив и оној помеѓу екипите на Хетафе и Ајакс (2:0).

Помалку изненадувачки резултат во мадридското предградие, а Дејверсон и Кенеди како стрелци на головите се погрижија за триумф на шпанскиот клуб.

Овој дуел го одбележаа многу прекршоци и обиди на домаќините со цел да „украдат“ секунди, а на крајот тоа им помогна.

Токму таквите бројни прекини донесоа и еден неверојатен податок, топката беше во игра само 42 минути и 36 секунди.

33-годишниот Рајан Бабаел, екс играч на Ливерпул, беше толку фрустриран oд противничкиот фудбалер Алан Нјом кој одглуми фаул, па почна да се врти на теренот, по што на сцена стапи и Холанѓанецот кој почна да го имитира камерунскиот интернационалец…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот