Арсенал триумфално во Пиреја, страшен пресврт на Ренџерс (ВИДЕО)

twitter/UEFA Europa League

Победи во првите натгпревари 1/16-финалето во Лигата на Европа остварија и фаворитите Рома. Интер, Волофсбург.

Екипата на Арсенал оствари минимален триумф од 0:1 на гостувањето во Пиреја против Олимпијакос. Победничкиот гол беше дело на Лаказет во 81. минута.


Минимална победа оствари и Рома која со 1:0 го совлада белгискиот тим Гент. Новото засилување на „римската волчица“, Перез во 13 минута на асистенција на Един Џеко го постигна единствениот гол.

До крајот на средбата фудбалерите на Рома имаа неколку убави шанси да го зголемат водството но голманот Камински беше на висина на задачата.

Стивен Џерард прави чуда на клупата на Ренџерс кој ја совлада Брага со 3:2 иако имаше негатива од 0:2 до средина на вториот дел.


Тогаш, фудбалерите на Ренџерс прво во 67. минута преку Хаџи намалија на 1:2, за осум минути подоцна Арибо да израмни. Пресвртот го комплетира Хаџи со својот втор гол во 82. минута за триумф на Ренџерс од 3:2.

Резултати:
Клуж – Севиља 1:1
Бриж – Манчестер јунајтед 1:1
Ајнтрахт – Салцбург 4:1
Копенхаген – Селтик 1:1
Хетафе – Ајакс 2:0
Лудогорец – Интер 0:2
Шахтјор – Бенфика 2:1
Спортинг – Башакшефир 3:1
АПОЕЛ – Базел 0:3
Рома – Гент 1:0
Баер Л. – Порто 2:1
Олимпијакос – Арсенал 0:1
Ренџерс – Брага 3:2
Волфсбург – Малме 2:1
Вулверхемптон – Еспањол 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот