Кока кола со предупредување: Во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Кока кола ги предупреди граѓаните на социјалните мрежи да не веруваат на лажната страниа, откако денеска се споделуваше онлајн истражување „Фонд за социјална помош на Кока-Кола“ кое масовно беше препраќано на Фејсбук, а наводно било спроведено од самата компанија.

„Во интернет просторот се појави лажна страница која се претставува како The Coca-Cola Company, би сакале да Ве известиме дека во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување. За сите моментални наши активности може да се информирате на Coca-cola.mk.“, соопштија на Фејсбук од Кока кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот