Кој ќе го има последниот збор за Универзална? (ВИДЕО)

Никола Наумовски / Фото: Слободен печат

Сегашната „бука“ во јавноста, односно учеството на јавноста во овој процес е нешто што досега сме го немале, иако многу слични објекти и згради поминале низ вакви постапки, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по низата реакции за можните решенија за иднината на Универзална сала.

-Во Скопје се рушени објекти од времето на солидарноста, па се сеќаваме дека и ГТЦ сакаа да го преоблечат без никаква консултација со јавноста. Ова што ние го започнавме е спротивно на претходното и малку е навредливо кога некои луѓе го споредуваат со Скопје 2014, изјави Наумоски.

– Градоначланикот изјави дека за него идеално би било да имаме две сали, да ја задржиме старата, да се реконструира и да и се даде живот, а од друга страна да направиме нова и да служи за многу други потреби која старата не може. Дали ова ќе се оствари не зависи од градоначалникот или градската администрација, туку примарно од оној што ги држи финансиите во државата, бидејќи Универзална сала како и сите капитални инвестиции во културата се плаќаат од државниот буџет, вели Наумовски и додава дека „кога зборуваме за нови културни домови, како Универзална сала, збориме за инвестиции кои би му служеле на градот во наредните 50 години, а не во следните 6 месеци.

Целиот разговор со Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов проследете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот