Кој ги храни бездомниците на скопските улици и како се слави Нова година во СОС „Детско село“? Утре во „Слободен печат“
Иницијативата „Ретвитни оброк“ е граѓански проект од Скопје кој веќе речиси 10 години се залага за намалување на фрлањето на храна и за обезбедување оброци и намирници за социјално загрозените и бездомни лица во Скопје. Секој петок, група волонтери се собираат заедно и подготвуваат оброци кои потоа се доставуваат до тие кои најмногу имаат потреба.
Препорачано
Со Кристијан Калинов разговаравме колку и како преку хуманите активности на организациите им се помага на оние најзагрозените.
Во каква атмосфера се прославуваат новогодишните празници во СОС „Детско село“? Како децата ги прославуваат Божиќ и Бадник во нивните згрижувачки семејства? Какви новитети ни доаѓаат од СОС Детското село. „Слободен печат“ ги интервјуираше згрижувачките на децата и Наде Качакова, директорката на приватната установа која ни ги сподели сите новости за институцијата.
Никола Перевски – Пере е основач и фронтмен на една од најпопуларните и најуспешни македонски групи „Нокаут“, која веќе 27 години активно функционира на македонската музичка сцена. Нивните безвременски хитови ги пеат и оние кои биле деца кога се појавиле, а и децата кои сега првпат ги запознаваат. Со Пере зборувавме за досегашното искуство и сите предизвици и придобивки од музиката.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.


