Кој е Ламбе Алабаковски: Замина за Америка кога беше на врвот, се врати за да продолжи таму каде што застана

ламбе алабаковски
Ламбе Алабаковски / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Македонската јавност го запозна Ламбе Алабаковски пред 17 години преку музичкото шоу на продукцијата М2 продукција „Плеј – потрага по ѕвезди 2004“. За многу кратко време младото момче родум од село Љубојно стана миленик на македонската публика. Неговиот прв хит „Спаси ме“, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров го вивна во ѕвездите.

Уапсен „пироманот“ од Битола – пејачот Ламбе Алабаковски ја потпали вратата од клубот на Бугарите!?

Во 2005 тој ја снимил својата втора песна „Каде песно моја“, компонирана од Славе Димитров. Во 2005 година Ламбе заедно со Александра Пилева отпатува во Брашов, Романија каде учествуваше на фестивалот „Golden Stag“. Во октомври истата година учествуваше на домашниот фестивал „Макфест“, каде што ја промовираше својата песна „Ех, да можам“.

Ламбе во 2013 година се ожениа со својата сакана Магдалена, со која доби два сина. Неколку години по стапувањето во брак одлучи да ја напушти Македонија и да ја побара среќата во САД. По години живеење на Флорида, Ламбе лани заедно со своето семејство се врати во Македонија.

Со самото негово враќање во родната земја, тој се врати на истата сцена на која ја започна својата музичка кариера.

Ламбе беше дел и од концертот „Засекогаш во срцата“ посветен на починатите музички великани Тоше Проески и Аки Рахимовски. Во организација на Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар Битола двата концерти беа одржани пред бројната публика на 18 и 19 февруари.

Ламбе треба да биде гостин на претстојниот концер на „Меморија“ што ќе се одржи на 11 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Ламбе беше дел и од официјалната прес-конференција и се пофали дека ќе пее заедно со култниот бенд.

„Горд сум што ќе бидам дел од најголемиот концерт ова лето“, напиша Алабаковски, а фановите коментираа дека едвај чекаат да го видат и слушнат во живо.

Ламбе Алабаковски минатиот викенд на 5 јуни беше дел од „Фолк Фест Валандово“ и за првпат пееше фолк-песна насловена „Нема збогум“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот