Кој би рекол: Мажите живеат најдобро со жена која постојано ги критикува

Научниците докажале дека жените што имаат силен карактер се вистинско богатство за партнерот.

Добро прочитавте!  Според истражувањата, таквата жена значително го намалува ризикот од дијабетес кај својот сопруг. Тешко е да се поверува, но ова се научно докажани факти.

Секако, дека не е се’ толку едноставно. Особено ако жената паметува од утро до вечер и сето тоа го зачинува со по некој излив на бес. Ова истражување на се однесува на таа крајност. Но мажите што имаат напорна жена покрај себе може да престанат да се грижи за своето здравје.

Експертите од Универзитетот во Чикаго и Државниот универзитет во Мичиген, направиле низа експерименти и докажале дека лошото расположение на партнерот директно влијае врз здравјето на другиот партнер, особено во смисла на потенцијален ризик од дијабетес.

Истражувањето опфатило 1 228 парови. Научниците има поставиле многу прашања, како што се: Колку се задоволни од нивниот моментален однос?“, „Дали се задоволни од својот партнер и на кој начин?“, „Колку време поминуваат заедно и како? и слично.

Другата серија прашања се однесувала на потполно поинакви теми: „Колку се отворени еден кон друг“, „Дали нешто кријат од партнерот“, „Колку често партнерот се жали или ги критикува?“

Резултатите од истражувањата биле шокантни. Прво, драматично се разликувале во зависност од полот на учесниците. Жените кои својот однос го сметале за среќен, во кој никој не бил изложен на критики и нервозно однесување, практично не ризикувале ни да заболат од дијабетес во иднина. Научниците го објаснуваат ова со фактот што таквите жени посовесно комуницираат со партнерот, покажуваат добар такт и мудрост. Смирената комуникација со партнерот влијае врз добриот метаболизам и доброто здравје.

Но податоците од истражувањето со мажите ги шокирале сите! Истражувачите на почетокот не можеле да им поверуваат на резултатите, но радикално се разликувале од резултатите од истражувањето со жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот