Кои се ризиците од вакцината „Фајзер“ за бремените жени: Ќе се разгледува од случај до случај!

Instagram
Соединетите држави забележаа бавен раст на населението со текот на годините, но пандемијата го влоши овој тренд/ Фото: Instagram

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес соопшти дека употребата на вакцината против коронавирисот, што заеднички ја развија американската компанија „Фајзер“ и германскиот партнер „БајонТек“, при употребата кај бремените жени ќе се разгледува од случај до случај.

Instagram
Instagram
ЕМА нема доволно податоци од клинички испитувања за потенцијалните ризици кај бремените жени, изјави на брифинг Харалд Енцман – претседател на Комитетот за хумани лекови ЕМЕ, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата може да ја промени својата препорака доколку повеќе информации станат достапни, рече Енцман, без да открие дел од околности под кои вакцината може да се смета безбедна за бремените жени.

Unsplash
Unsplash

Тој повика на претпазливост при користење на вакцината кај луѓе со позната историја на анафилактички реакции, по неколку случаи на алергиски реакции при вакцината во САД и Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот