Кога ОВОЈ АСТРО-ПАР ќе се спои, летаат искри и врие од хемија

пар врска љубов

Се работи за Лав и Вага. Кога еден Лав и една Вага ќе се сретнат, меѓу нив веднаш започнува хемија која е поизразена отколку кај која и да е друга астро-комбинација.

Уште на самото запознавање се појавуваат симпатии од двете страни. Вагите се вешти во давањето комплименти, а тоа особено му одговара на Лавот, кој сака да биде центар на вниманието.

Лавот успева да внесе возбудување во животот на Вагата и во емотивна и во сексуална смисла. Вагите пак, лесно можат да разбудат делови од Лавот за кои тој ни самиот не знаел дека постојат.

Тие не се плашат да покажат нежности и страсти еден кон друг, а често тоа го прават и во јавност. И едниот и другиот знак се оратори и поради тоа ретко имаат проблеми во комуникацијата со врската.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот