Кога обожавател ќе ти стане сопруг: Карлеуша, Северина, Гоца Тржан им рекоа „да“ на свои фанови

Навистина е нормално во тинејџерските години да имате симпатија од светот на музиката, спортот или филмот. Но, колкава е веројатноста вашата славна симпатија да се вљуби во вас, па дури и да завршите пред олтар.

Ретки се оние кои ја имаа таа среќа, а во продолжение, прочитајте за кого станува збор.

Јелена Карлеуша

Instagram

Таа го запозна Душко Тошиќ во 2006 година, откако тој ја поканил на пијачка.

-Прво направив грешка со него, а потоа проверив колку години има. Тогаш тој имаше 21 година, па му реков „Дечко, сега ќе мораш да се ме земеш за жена, зашто овој срам мора да биде оправдан.“ Душко сега има милиони, а со 16 години, кога дојде во Белград, немаше ништо. Подоцна дознав од негови пријатели од ОФК дека таа собичка во која што живееше била исполепена со мои постери. На крајот од баладата, тој се ожени со жената од постерите и имаше две деца со неа“, раскажа пејачката во една прилика.

Гоца Тржан

Instagram

Слична судбина имаше и Гоца. Иван Маринковиќ ѝ изјавуваше љубов уште во 2001 година, еднаш кога се сретнале во еден салон. Тој ѝ се претставил како нејзин обожавател и ѝ рекол дека е вљубен во неа, но Гоца само му напишала автограм и го „откачила“.

Оваа приказна доби пресврт во 2006 година, кога Тржан повторно се сретнала со Иван. Овој пат, таа сакала да го заведе. Тие се венчаа во 2007 година, ја добија ќерката Лена, а разводот следуваше во 2011 година. Во меѓувреме, Гоца се омажи со Раша Новаковиќ, тапанарот од нејзиниот бенд.

Северина Вучковиќ 

Instagram

Многумина се шокираа кога Северина ја обелодени својата врска со петнаесет години помладиот Игор Којиќ. Нивната средба се случила во февруари 2015 година, кога пејачката имала концерт во Белград, а тоа го договорил нејзиниот менаџер. Игор го замолил да го запознае со Северина, во која тој подолго време бил заљубен. На крај се покажа дека и нејзе не ѝ требаше многу време да развие чувства кон синот на познатиот српски пејач Кеба.

Ана Николиќ

Instagram

Стефан Ѓуриќ попознат како Раста многу одамна бил воодушевен од Ана Николиќ, за што сведочат неговите песни што ѝ ги посветувал сè додека не се прославил.

Една од тие песни е „Боинг“ од 2014 година, во која во еден стих се спомнува Ана Николиќ.

Тие се запознале во 2016 година, кога таа го ангажираше да пишува песни за нејзиниот нов албум. Додека работеле во студиото, тие постојано се дружеле и се вљубиле еден во друг. Врската ја крунисаа со брак во јули истата година. После една година тие станаа родители на нивната ќерка Тара, а минатата година се разведоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот