Кога е време да дадете отказ и да си заминете?

Дали навистина е време да заминете?

Толку пати сте посакале да го погледнете шефот во очи и гласно да кажете „Давам отказ“! Ако
се двоумите поради разни причини, еве неколку совети со чија помош ќе откриете дали
навистина е време да заминете.

1. Сте добиле подобра понуда

Подобра плата, повисока позиција, инспиративно опкружување и стално вработување? Звучи
како утопија во нашата средина, но не е невозможно. Малкумина се оние кои сето тоа го
добиле наеднаш, а уште помалку се оние кои тоа го побарале. Доколку ви се пружи подобра
шанса не размислувајте. Ќе ви биде потребен само период за навикнување, но на ваша среќа
тоа не трае долго, а промената на монотонијата сигурно позитивно ќе влијае на вас.

2. Сакате да го подобрите образованието

Ако на млади години сте се зафатиле со работа поради која сте го запуштиле образованието,
време е да му се посветите. Ако интересите со тек на време ви се промениле, пробајте да
запливате и во некоја поинаква професија. Следете ги соништата.

3. Работите во токсично опкружување

Колку и да е сериозна работата со која се занимавате, морате да си дозволите во текот на
работното време барем на кратко да се насмеете со колегите. Изостанокот на смеа и
комуникација во опкружувањето во кое поминувате 8 часа дневно е многу загрижувачко, што е
причина да се запрашате дали е време да ја напуштите таа тмурна дружина.
4. Вашата позиција е нестабилна
Или вашата компанија е на работ на егзистенција? Дури и ако сте таму од првиот ден, а таа
пропаѓа, не мора да пропаднете и вие со неа. Борете се за своето место во светот и не
дозволувајте надредените поради тоа да ви создаваат чувство на вина.

5. Сакате да се посветите на себе си

Без оглед дали вашата причина за отказ е желбата да основате семејство, патување околу
светот или потребата за пауза, ве уверуваме дека никој не смее да ви замери за тоа. Уживајте,
бавете се со она што ве исполнува и наполнете ги батериите. Чувството на задоволство ја
поттикнува фантазијата, па кој знае, можеби наскоро ќе започнете сопствен бизнис, па нема да
мора да зависите од другите.

6. Сте ја загубиле мотивацијата

Едвај го чекате крајот на работното време, се ви е предвидливо и досадно, а понеделник едвај
го преживувате? Повеќе не давате 100 проценти од вас? Дефинитивно сте заразени со вирусот
наречен „време е за промена!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот