Кое име ќе го носи ќерката на Маркл и Хари: Дијана по принцезата од Велс или Дорија по мајката на Меган

Profimedia
Фото:Профимедиа

Принцот Хари и Меган Маркл се и понатаму активно во фокусот на јавноста. Откако „бурата“ стивна по интервјуто со Опра, светот е многу љубопитен кое име ќе го носи нивната ќерка.

Ако сè оди како што треба, парот се подготвува за реновирање на почетокот на јуни. Тие сè уште не избрале име за бебето, иако многумина коментираат дека не сакаат јавно да ги соопштуваат тие информации. На социјалните мрежи се појавија бројни шпекулации, а една од напишаните е дека девојчето ќе го носи името Дијана, по принцезата Дијана од Велс, мајката на принцот Хари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)

Од друга страна, постои можност бебето да го носи името Дориjа, по мајката на Меган.

Да потсетиме, кралското семејство во февруари потврди дека Маркл е бремена.

„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе стане постар брат. Војводата и војвотката се пресреќни што очекуваат уште едно дете“, изјавил портпаролот на славната двојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)


Оваа изјава парот ја потврди со црно – бела фотографија на која принцот Хари ја држи главата на сопругата во скутот додека таа лежи на трева во блажена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот