Фото: mkd.basketball

Кочов: Чест ми е и задоволство што сум повторно во стручниот штаб на Македонија

Ѓорѓи Кочов се враќа во македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, овој пат во улога на асистент во стручниот штаб на новиот селектор Хозе Мариа Берокал.

Чест ми е и задоволство што сум повторно во стручниот штаб на Македонија. За се треба време, ама има само еден начин да станеш подобар, тоа е да тренираш. Понудата од федерацијата ја прифатив затоа што мислам и сметам дека треба тоа што сум го стекнал надвор како искуство, да го пренесам на нашите домашни играчи. Да помогнам на некои тренери што немаат можност многу да видат како се работи надвор и тренира и мислам дека со промена на тренингот и пристапот, сите заедно може да направиме нешто и да промениме – вели Кочов.

Кочов ќе му биде асистент на Берокал, а првиот предизвик веќе ќе биде за четири дена во Скопје кога доаѓа Луксембург во рамките од претквалификациите за Евробаскет 2029:

Знаеме во моментов во каква ситуација е клупската кошарка, а репрезентативната е одлик на клупската. За наша земја, мала земја како Македонија, ние тренерите мораме да се потрудиме да бидеме на највисоко ниво што можеме. Да дадеме најдобри можни услови за играчите за да очекуваме некаков напредок.

Ако не успееме тоа да го направиме, не може да очекуваме резултат. Јас по природа сум позитивен, но зборувам објективно. Во последните пет години доволно ја пратам македонската кошарка – се зборовите на Кочов, кој во последните сезони е асистент во германскиот бундеслигаш Кемниц.

Селекторот Берокал го објави списокот за февруарскиот ФИБА „прозорец“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот