Кочан бил болен, бара да не оди во притвор

сеад кочан

Осудениот бизнисмен Сеад Кочан, кој на 17 јули треба да се појави на капија во затворот „Идризово“ да почне да ја отслужува затворската казна од 4 години и осум месеци, е примен на лекување во една приватна болница во Скопје, дознава СДК.МК.

Основниот суд Скопје 1 потврди за порталот дека тој и официјално го известил судијата за извршување санкции дека е хоспитализиран, притоа барајќи одлагање на извршувањето на казната.

Деновиве Кочан поднел барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на пресудата од 4 години и 8 месеци, за случајот „Труст“, зашто конкурирал со лажна документација и неисполнети услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот