Фото: илустрација / YAY Media AS / Alamy / Alamy / Profimedia

Скопјанец ги натепал сопругата и нејзината мајка, се заканувал дека ќе го убие сопственото дете

Обвинителството поведе постапка против 36-годишен скопјанец, кој е осомничен за семејно насилство. Тој, според ОЈО, почнал да вика и да им се заканува на сопругата и на нивните две малолетни деца на возраст од 6 и 4 години, со намера да ги заплаши. Кога жената побарала да престане, тој ја фатил за раката и ја турнал, по што кршел низ домот.

„Потоа осомничениот започнал да ја крши покуќнината и со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, која исто така телесно ја повредил на ногата и во градниот кош. Се заканувал дека сите ќе ги убие, па и дека ќе го задави сопственото дете, при што во еден момент извадил и нож со кој замавнувал, предизвикувајќи чувство на загрозеност, несигурност и страв кај оштетените. Сопругата на 36-годишникот во еден момент успеала телефонски да ги повика своите брат и татко, а кога пристигнале, осомничениот продолжил и ним да им се заканува со нож. Потоа од дворот го пуштил и своето куче од расата „шарпланинец“ кое гризнало еден од оштетените на надлактицата и на потколеницата., соопштија од обвинителството.

Осомничениот ќе одговара за кривичните дела: телесна повреда, загрозување на сигурноста и предизвикување општа опасност. Обвинителството бара притвор.

Скопјанец со мотор излетал од патот кај Козјак, со тешки повреди е пренесен на Клиника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот