Фото: МИА

Петгодишно дете во Гостиварско се затруло со лековите на баба му

Петгодишно дете од село Чегране вчера било итно пренесено во болница откако ги испило таблетите на баба му додека го чувала.

Од СВР Тетово соопштија дека на 8 јуни, во 18:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар разговарале во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар во Гостивар, каде што детето било донесено поради труење со лекови.

Мајката на детето, 25-годишната Н.А., појаснила дека настанот се случил околу 17:00 часот, додека таа била на работа.

Детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа и, поради невнимание, дошло во допир со таблети кои биле оставени на лесно достапно место од страна на бабата и ги голтнало, по што се појавиле здравствени компликации.

„Детето е затекнато во стабилна и контактибилна состојба, а по укажаната првична помош е префрлено на Детската клиника во Скопје за понатамошна нега и испитувања“, соопшти полицијата.

 

Детето што се затру со таблети денеска ќе биде пуштено од Детската клиника, докторите апелираат лековите да се чуваат на сигурно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот