Коалиција ВРЕДИ: Очајни потези на ДУИ, на самоназначените „ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови

фото: МИА, Албанска опозиција од коалицијата „Европски сојуз за промени“

Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично, соопштија од опозиционите партии на Албанците.

„Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер. Изронија трошки за да сега во очај ги собираат. Да не беше смешно ќе беше трагично. Што се однесува до нивните бајати конструкции, да не им останеме должни.На самоназначените „ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови. Казино бизниси со српско подземје, руски бизнис врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, Будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ“, соопштија од коалицијата Вреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот