Клоп уште еднаш ја покажа својата човечка величина! (ВИДЕО)

На вчерашното дерби од второто коло одиграно на стадионот „Стемфорд бриџ“ во Лондон, екипата на Ливерпул триумфираше со 0:2 против Челси.

Пред крајот на првото полувреме при резултат 0:0 Данецот Кристенсен поради прекршок зад грб доби црвен картон што значеше еден играч помалку на теренот за лондонските „сини“.

Судиската одлука веднаш ја поздрави еден од помошниците во стручниот штаб на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Но, тоа не му се допадна на германскиот стратег кој го привлече вниманието и ја покажа својата класа и воедно ја доби и поддршката од фановите.

– Дали си луд? Навистина? Ние никогаш не го правиме, ок? – беа зборовите на германскиот менаџер Клоп кон својот помошник.

Ливерпул шампионски на „Стемфорд бриџ“, Мане го урна Челси! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот