Ливерпул шампионски на „Стемфорд бриџ“, Мане го урна Челси! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Денеска во дербито од второто коло во Премиер лигата составот на Ливерпул со конечни 0:2 триумфираше против големиот ривал Челси.

Играчите предводени од менаџерот Јирген Клоп покажаа зошто се бранители на шампионската титула и на стадионот „Стемфорд бриџ“ ја забележаа втората победа сезонава.

Пред крајот на првото полувреме лондонските „сини“ останаа без Кристенсен кој доби црвен картон поради прекршок од зад грб. Ова го искористија „црвените“ во вториот дел, во 50 минута после една убава акција Фирмино асистираше до Мане кој со глава ја испрати топката во мрежата на Кепа.

Токму шпанскиот голман четири минути подоцна направи катастрофална грешка, не ја отстрани навремено топката од казнетиот простор, ја украде Мане кој го постави конечниот епилог.

Во 75 минута Челси имаше можност да намали од пенал и барем се обиде да ги задржи шансите за добар резултат, но непрецизен беше Жоржињо.

Во следното трето коло Редси ги очекува уште еден голем дуел, на својот „Енфилд“ на 28 септември ќе го пречекаат Арсенал, додека два дена порано Челси гостува кај Вест Бромвич.

Во претходните два меча од неделната програма, Тотенхем на гости со 2:5 кај Саутемптон, а Њукасл дома беше убедливо совладан од Брајтон (0:3).

Премиер лига: Саутемптон само го налути тандемот Сон-Кејн! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот