Кличко му се враќа на боксот, има и добра причина!

twitter.com/BoxingNewsED

Поранешниот боксер во тешка категорија Владимир Кличко ќе се врати во рингот само за остварување на рекорд.

А тој рекорд го држи Џорџ Форман кој го достигна светскиот врв на 45-годишна возраст на 5 ноември 1994 година.

Форман со своите 45 години стана најстариот светски шампион во тешка категорија со победата против 26-годишниот Мајкл Мурер во 10. рунда на ВБА борбата во Лас Вегас.

Кличко има 43 години и верува дека сè уште го има она што е потребно за да се натпреварува на врвот на спортот и на крајот во финалната битка испише историја. Но, ќе мора да почека уште две години…

– Можам ли уште да се борам? Да. Ги оставам моите опции отворени во моментот – рече тој, цитиран од „Бизнис инсајдер“.

– Јас не се враќам за долг период или да скршам нечија вилица. „Кам-бек“ правам само за срушам рекорд. Дали ме привлекува? Јас би рекол да, звучи прилично добро. Џорџ Форман го стори тоа кога имаше 45 години – додаде Кличко.

Кличко се пензионираше во 2017 година после поразот од Ентони Џошуа. Не е само познато кој би му бил ривалот на Кличко во неговиот меч, се шпекулираат имињата на Џошуа и Тајсон Фјури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот