Ќерката на Малколм Икс пронајдена мртва во Бруклин

Малколм Икс и неговата ќерка
Малколм Икс и неговата ќерка Малика Шабаз/ Фото СП колаж/ ANDREW THEODORAKIS / PROFIMEDIA/ WENN / PROFIMEDIA

Една од ќерките на познатиот активист Малколм Икс, 56-годишната Малика Шабаз, била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Бруклин доцна синоќа.

Малик била пронајдена од полицијата кога пристигнала во нејзиниот дом, објави Си-Ен-Ен. Во моментов, медицинскиот иследник заклучил дека нејзината смрт не е сомнителна.

Малика е едно од шесте деца на Малколм, а нејзиното безживотно тело го пронашла нејзината ќерка Бети Баја Шабаз (21). Малика никогаш не го запознала својот татко, таа е родена седум месеци по неговото убиство.

Малколм Икс (39) бил застрелан 16 пати пред толпата од 400 луѓе во Харлем, вклучувајќи ја и неговата бремена сопруга и нивните ќерки.

Пред два дена биле ослободени двајца мажи осомничени за убиство на нејзиниот татко

Малика била пронајдена мртва само два дена откако биле ослободени двајца мажи осомничени за убиство на нејзиниот татко. Мухамед Азиз и Калил Ислам биле ослободени откако обновената истрага открила нови докази дека тие не биле вмешани во убиството.

Парот беше официјално ослободен по долгогодишно сомневање кој е одговорен за убиството на познатиот активист кој се борел за граѓанските права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот