Кјелини успешно опериран, познато кога се враќа на теренот

twitter.com/Alexandra199x

Ваквата тешка повреда на Џорџо Кјелини (35) за некои може да значи и крај на неговата професионална кариера, но не и за борбениот дефанзивец кој нема намера така лесно да се откаже.

Одбранбениот играч беше успешно опериран во Инсбург (Австрија), беше соопштено од италијанскиот фудбалски шампион и сега го очекува повеќемесечна пауза.

Првичните најави велат дека ќе паузира шест месеци, така што ќе го пропушти комплетниот прв дел од сезоната, а се планира да се врати наредната 2020 година во март кога и можеби започнува најважниот дел од сезоната.

Член на Јуве од 2005 година, заштитен симбол на генерацијата на овој клуб кој веќе осум години во низа ја освојува шампионската титула на Апенините.

Сезонава во Лигата на шампионите Јувентус се наоѓа во групата Д со екипите на Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Локомотив Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот