Кјелини воодушевен од Сари: Тој е перфекционист

Јувентус во новата сезона ќе биде предводен од нов тренер, Маурицио Сари кој летово го замени Масимилијано Алелгри. Со новиот тренер, дојде и нов пристап на работа кој го воодушеви капитенот на „старата дама“, Џорџо Кјелини.

– Тоа што ме фасцинира е неговиот пристап, се работи до најмали детали. Секогаш бара перфекција во тоа што го прави и засега тоа ми е најсилен впечаток од работата со Сари – изјави Кјелини за клупската телевизија.

За време на подготовките, Јувентус досега одигра три натпревари со силни противници, загуби од Тотенхем и од Атлетико Мадрид, а го совлада Интер по подобро изведување на пенали.

– Сè уште сме во фаза на тренинзи, далеку сме од натпреварувачки ритам и се обидуваме да ги сфатиме барањата на тренерот. Има и нови фудбалери и затоа ни е потребно малку повеќе време за посакуваните резултати. Ни останаа уште десет дена до стартот на сезоната и треба да бидеме свесни дека мора да уфрлиме во повисока брзина – додаде Кјелини.

Јувентус одбраната на титулата во Серија А ја започнува на 24 август со гостувањето кај Парма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот