Ќе ја обжалам одлуката вели Анѓушев откако САД го ставија на црната листа

Кочо Анѓушев / Фото: Слободен печат.
Кочо Анѓушев / Фото: Слободен печат.

Во текот на мојот мандат во Владата на Република Северна Македонија од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја, соопшти Кочо Анѓушев откако денеска беше ставен на „црната листа“ на САД.

„Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи. Јас вработувам 1000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби.Јас имам фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и сум американски даночен обврзник, односно јас плаќам данок во Соединетите Американски Држави и сум партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД“, вели Анѓушев.

Додека служев како вицепремиер во македонската Влада силно се залагав и работев за зачленување на земјата во НАТО, го поддржував зачленување во ЕУ, и ги поддржувам и сега сите активности кои се преземаат во тој правец, дополнува тој.

„Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департментот и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата“, стои во соопштението на Анѓушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот