Кировски: Ми се јавува Панчев, a мислев дека некој се шегува со мене!

фото: твитер

– Во Вардар бев како домашен играч. Но, финансиерите доаѓаат и си заминуваат, немавме никакви примања – вели чуварот на мрежата, Кировски.

Српскиот голман Александар Кировски (29) во својата професионална кариера беше член и на Вардар во 2018 година.

На репрезентативно ниво нема ниту еден официјален настап за најдобрата српска репрезентација, има мечеви за тамошната У19 и У21 селекција.

Во интервјуто за „Моцарт Спорт“, Кировски зборуваше за својата кратка авантура со ФК Вардар. Успеа да излезе и надвор од границите на Србија, после Чукарички, доби повик од „црвено-црните“.

Да, ме контактираше Дарко Панчев. Мислев дека некој се шегува со мене, сè додека не го сочував бројот на Вибер и сфатив дека навистина ми се јавува Панчев. Немам поим како дојде до мене. Дојдоа до идеја да ме ангажираат за да бидам домашен играч. Мојот дедо е од Македонија, па можев да ги средам документите. Бев таму како домашен играч. Но, финансиерите доаѓаат и си заминуваат. Немавме никаква примања. Сакав плати и после шест месеци го напуштив Вардар – рече Кировски.

Кировски во клупската кареира ги бранеше и боите на Црвена звезда, Земун, Жарково и Будуќност Добановци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот