Кирјос застана во одбрана на Ѓоковиќ: Ние сме преплатени, поентата е да помогнеме

twitter.com/smh

Австралискиот тенисер Ник Кирјос го поддржува ставот на Новак Ѓоковиќ да се формира фонд за солидардност и најдобрите тенисери да им помогнат на послаборангираните колеги.

Акцијата за фондот за солидарност веќе е покрената, АТП и ИТФ веќе донираа сериозни суми, а се приклучија и дел од најдобрите тенисери на денешницата и тоа на предлог на Ѓоковиќ, но има и противници на тој план.

Третиот тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим, нема намера да донира од своите пари за да им помогне на послаборангираните колеги бидејќи смета дека тие не се животно загрозени.

– Никој о послаборангираните играчи не мора да се бори за живот. Видов тенисери на турнирите кои не се 100 проценти посветени на овој спорт. Многу од нив не се професионални и не гледам причина зашто би им дал од моите пари – изјави Тим неодамна.

Првиот кој му одговори на Австриецот е „лошото момче“ на тенисот, Ник Кирјос, кој во последно време го менува однесувањето и ставовите.

„ Тој и понатаму не разбира во што е проблемот. Ние кои сме на врвот, сме преплатени. Поентата е дека мора да им помогнеме колку можеме. Професионалец или не, Доминик пробај да се ставиш на нивно место“, изјави Кирјос.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот