Кире Лазаров се подготвува за тренерска кариера: Најмногу учам од Пасквал и Червар

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, полека се подготвува за следниот предизвик во фантастичната кариера. Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, одлучи нареден чекор во да му биде тренерската кариера.

Лазаров во интервју за „Јутарњи лист“ открива дека полека се подготвува за новиот предизвик, а советите највеќе ги добива од Лино Червар и Чави Пасквал.

– Дефинитивно ќе продолжам како тренер. Вложувам многу во моето образование. Наскоро ќе добијам мастер лиценца за главен тренер по А лиценцата преку ЕХФ на тема „Анализа на натпреварите на Шпанија во финалето на Европското првенство 2020 година во Стокхолм”. Мислам дека по примерот од Жорди Рибера може многу да се научи. Сè оди по својот тек, не се наметнувам никому и не ми се брза. Знам што зборувам и што правам и важно е да изберам вистински момент за тоа. Шанси секогаш има, мислам дека тоа можам да го работам уште утре, но тоа не е суштината на тренерската работа. Има и размислувања од типот: „Не знам што ќе правам по играчката кариера, па ајде да бидам тренер, тоа единствено добро го знам”. Но, тоа не е така едноставно како што изгледа. Мора да се има добар темел, но без надоградување нема напредок. Секој има свој стил. Јас не сум човек од конфликти. Ако тоа се појави, јас бегам од тоа. Секогаш мислам дека постои начин на кој може да го презентирам мојот став како што сакам. Многу разговарам со Лино Червар и Чави Пасквал, кои ми се големи авторитети. Кога ќе дојде време сигурно ќе знам да одберам – вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот