Кинезите без конкуренција, на првото место со 32 златни медали

Фото: EPA-EFE/Patrick B. Kraemer

По 11 натпреварувачки ден на Олимписките игри во Токио, Кина е на врвот на листата според бројот на освоени златни медали.

Кинеските спортисти освоија три нови златни медали во вторникот, и се на врвот на листата со 32 највредни медали, амаат уште 21 сребро и 16 бронзени.

На второ место се САД со 24 златни медали од вкупно 73. Следуваат Јапонија со 19 златни и вкупно 36 медали.

Австралија освои 14 златни медали, Олимпискиот комитет на Русија и Велика Британија по 13.

Од земјите од поранешна Југославија, Хрватска е најдобропласирана, на 19 место со по три златни и сребрени и два бронзени.

Комплетната Комплетната табела можете да ја погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот